„Вашиот успех докажува дека студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа се подготвени со конкурентни знаења и вештини и нѐ претставуваат многу успешно на сите полиња“ им порача ректорот Беџети на студентите.
За постигнатиот успех во знак на благодарност до тимот на студенти (Гентиана Река Хасипи, Елона Зендели, Ера Ѓакова и Флутура Џемаили) од Правниот факултет и лидерот професорката Ведије Раткоцери ректорот Беџети им врачи плакета и признание.
На овие натпревари учествуваа 16 тимови од правни факултети од Република Албанија, од Косово и од Северна Македонија.
На Правниот факултет, благодарение на донацијата на Амбасадата на САД, многу успешно работи и Правната клиника „Емине Зендели“ во која студентите завршуваат практичниот дел каде бесплатно се нудат правни совети и информации.