Натпреварите вторпат по ред ги организира Фондацијата Халими, со поддршка на Амбасадата на Холандија во Тирана.
На ова издание на натпреварот учествуваа 16 тимови од правни факултети од Република Албанија, од Косово и од Северна Македонија.
По неколкумесечна подготовка и три рунди вербално соочување, УЈИЕ успешно се пласираше во финалето, каде што се соочи и го совлада Универзитетот во Елбасан „Александер Џувани“.
Жирито кое го оценуваше настапот на екипите го сочинуваа судиите: Герд Хоџа, Бетим Јахја, Аулона Бодо и проф. Фејзула Бериша.
Натпреварите се одржаа во две фази, во фазата на подготовка и доставување на документи за соодветните судски предмети, во која фаза беа дисквалификувани некои од факултетите, а во втората и завршна фаза, останатите тимови продолжија со симулирано вербално судење.
Тимот на УЈИЕ имаше брилијантен настап во сите фази и беше високо оценет од жирито за професионалната подготовка, за направеното истражување и за високото ниво на пристигнатите трудови, за усната презентација, за соработката на тимот како и за подготвеноста и начинот на кој одговараа на прашања поставени од спротивставените тимови и од жирито.