Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Професорите од УЈИЕ на ранг-листите на најдобри 10 % научници во светот

Професорите од Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа се меѓу најцитираните со нивните научни трудови на двете најпопуларни меѓународни платформи за рангирање scimago и adscientificindex врз основа на научните перформанси и додадената вредност на научната продуктивност на индивидуални истражувачи.

Според платформата scimago УЈИЕ има вкупен индекс од 156 поени, со што е рангиран на второто место во Република Северна Македонија. Според индивидуалната продуктивност на двете платформи за рангирање, проф. д-р Веланд Рамадани, проф. д-р Гадаф Реџепи, проф. д-р Јусуф Зеќири и проф. д-р Хирије Абази – Алили ја предводат ранг-листата на професори кои имаат најмногу цитати од нивните научни трудови.

На платформата аdscientific добро се позиционирани и други професори од Универзитетот на Југоисточна Европа, во главно од областа на компјутерските и на општествените науки, како што се: проф. д-р Менан Селими, проф. д-р Мајлинда Фетаи, проф. д-р Али Пајазити и проф. д-р Брикена Џафери.

На ранг-листата се наоѓаат 11 универзитети и 579 професори од земјава, додека УЈИЕ е вториот универзитет од Северна Македонија, кој е застапен на ранг-листата на најдобри 10% научници во светот.

Google+