Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Обука со професорите од средните училишта за најдобар бизнис-план

Факултетот за бизнис и економија, денес (04.03.2024год.) одржа обука со професори од средните училишта во рамките на натпреварот „Најдобар бизнис план“, кој ќе се одржи на 26. април. Целта на оваа обука беше да се обучат професорите за да можат да ги поттикнат и насочат матурантите за што помасовно учество на овој натпревар.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, им препорача на професорите од средните училишта да ги охрабрат своите ученици да бидат во чекор со новитетите во економијата и истакна дека големите решенија секогаш лежат во едноставните идеи.

„Затоа, поттикнете ги студентите да се натпреваруваат со најиновативни теми, особено во однос реструктурирањето на економиите, кои се случуваат се побрзо.“, рече ректорот Беџети.

„Ова е трета година како се организираат натпреварите и целта на оваа обука е да се согледаат динамиката и трендовите за да имаме најуспешни натпревари“, рече деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази Алили.

Обуката се одвиваше во сесии, на кои беа презентирани студии на случај и модели на успешни бизнис-планови.

Google+