На оваа конференција, патувањето на УЈИЕ во текот на овие години и успехот како институција иницирана од Високиот комесар за национални малцинства, Макс ван дер Штул, го презентираше ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој беше главен панелист на панел - дискусијата на тема: „Градење долгорочна социјална кохезија: искуство во интеграцијата, критички размислувања и нови перспективи за регионот“.
„Ви благодариме што го сместивте Универзитетот на Југоисточна Европа меѓу извонредните институции кои се овде денес и ви благодариме за оваа можност да споделиме неколку размислувања, да погледнеме наназад на нашата историја и што е најважно, да гледаме напред кон иднината што ја градиме заедно“, рече ректорот Беџети.
На отворањето на конференцијата говори имаа: министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, во својство на претседавач, генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, актуелниот комесар за национални малцинства, Каират Абдрахманов, и во улога на главен говорник беше Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ во дијалогот Приштина - Белград и за други регионални прашања од Западен Балкан.
Конференцијата ја организираа Високиот комесар за национални малцинства и Постојаната делегација на Северна Македонија во ОБСЕ.
