Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Сенатот на УЈИЕ го одобри Конкурсот за запишување студенти во новата академската година – новитет пет нови студиски програми

Сенатот на Универзитетот на Југоисточна Европа, на редовниот состанок одржан во вторник (25.04.2023 година), го одобри Конкурсот за запишување студенти во академската 2023/2024 година.

УЈИЕ во оваа академска година се претставува со просперитетна понуда на студиски програми на шесте постоечки факултети во рамките на Универзитетот и во три циклуси на студии со вкупно: 29 студиски програми во првиот циклус (дипломски), 25 студиски програми во вториот циклус (магистерски) и 13 студиски програми од третиот циклус (докторски). Во новата академска година има нови студиски програми и тоа: Политехника, Внатрешен дизајн, Наука за податоци, Образование и Психологија.

Универзитетот продолжува да одржува флексибилност во употребата на јазиците и паралелно се нудат голем број студиски програми на трите официјални јазици: албански, македонски и англиски јазик.

Во рамките на академската понуда, за новата академска година многу атрактивни се и стипендиите, каде што сите матуранти, кои во средно училиште имаат постигнато одличен успех (5,00), добиваат целосна стипендија, која покрива околу 60% од плаќањето за школарина. Матурантите кои постигнале просечен успех од 4,5 до 4,99, добиваат стипендија, која покрива 40% од школарината. За вториот и за третиот студент од истото семејство се нуди финансиско олеснување од 15%, односно 25%.

Уникатна можност на УЈИЕ е програмата „Работи и студирај“, преку која студентите се ангажираат во административните служби на Универзитетот, со конкретен финансиски надомест, кој се одбива од износот за плаќање за школарина.

Google+