Специфично истражување за третираното прашање
4 ноември 2009
Јета Хани и Кадише Лимани, студентки на постдипломските студии на Факултетот за бизнис администрација - Финансии, на 6 и 7 ноември 2009 година учествуваа на втората конференција на Европски студии која се одржа во Тирана на тема: "Политички, економски и социјални предизвици на балканските земји во процесот на европската интеграција ", каде успешно се претставија со нивното истражување, со наслов ,,Дали Македонија треба да го промени својот фиксен курс на денарот за размена или да го поништи истиот?"
Македонија, преку фиксен курс на размена на денарот ќе го елиминира можниот увоз на инфлацијата од други земји. Врз основа на детална анализа на македонската економија и на ефектите на светската финансиска криза врз најзначајните макроекономски индикатори, нашите млади истражувачи констатирале дека Македонија треба да продолжи по својот тек со фиксен девизен курс. На оваа конференција препорачуваа на рестриктивна монетарна политика, со цел да се игнорира потенцијалната опасност од заем, како резултат на кредитирање без покритие од банките од второто ниво. Според нив, такво нешто може да предизвика сериозна штета во македонскиот банкарски систем.
Според Хани и Лимани, можната девалвација на денарот може да предизвика влошување на осцилација на денарот и влошување на ситуацијата на комерцијалните банки. Единствениот позитивен ефект од можна девалвација би можел да биде фактот дека Македонија ќе има поевтин извоз. Но, со оглед на фактот дека светската финансиска криза, исто така ги погодила и најважните увозници во Македонија, како земјите од Европската унија (над 50% од странскиот пазар, Македонија го реализира со овие земји), ослободувањето на извозите од Македонија нема да има значаен ефект врз тековната сметка.
Истражувањето на оваа конференција беше оценето како специфично поради третирањето на конкретните прашања.
Повеќе вести
- УЈИЕ домаќин на панел-дискусијата за предизвиците поврзани со родовата еднаквост и улогата на жените во општеството
- УЈИЕ и Министерството за здравство ја формализираат соработката за научни истражувања и стручно усовршување во здравствениот сектор
- Ректорот Ибраими оствари средба со амбасадорката на НР Кина
- Ректорот Ибраими се сретна со холандската амбасадорка: УЈИЕ е успешна приказна за меѓународната заедница
- Универзитетот на Југоисточна Европа активно учествува во дебатата за реформите во високото образование
- Дијалог за дигиталната иднина: „Глобален дигитален град“ отворен на УЈИЕ
- УЈИЕ учествуваше на јавната дебата за Предлог - законот за високото образование