Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот „Albanian University“ потпишаа договор за соработка

Развојот на академската соработка на ниво на универзитетски студии, како и развој на истражувачки, научни и културни активности, е главната цел на Договорот за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Универзитетот „Albanian University“ (АУ) од Тирана, кој беше потпишан денес (15.11.2022 година), во Тетово.

Договорот го потпиша ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и ректорот на АУ, проф. д-р Павло Конго.

Двата универзитета се согласија да развијат активности во академски области од заеднички интерес за размена на академски и на административен кадар, размена на студенти, заеднички активности и публикации на научни истражувања, одржување заеднички семинари, учество на семинари, конференции, настани и академски состаноци, размена на академски материјали како и понуда на посебни краткорочни академски програми.

Google+