„Акцелератор 700“ е заедничка програма меѓу Технолошкиот парк и ГИЗ, во рамките на проектот ГИЗ и ЕУ, насловен: „ЕУ за економски развој“, која се очекува да биде завршена во рок од три години. Компаниите или тимовите треба да ја презентираат основната идеја, која заеднички ќе ја испитаат Технолошкиот парк и ГИЗ, каде што избраните идеи ќе бидат вклучени во програмата и ќе добијат средства“, вели Авни Арифи, менаџер во Центарот за бизнис и иновации, во чии рамки работи и Технолошкиот парк.
Програмата се очекува да започне кон крајот на септември, со што ќе биде отворен и јавниот повик за пријавување. При изборот приоритет ќе имаат компании од полошкиот регион, но може да бидат вклучени компании или тимови со иновативни идеи од цела Северна Македонија.
Дополнително, во рамките на истиот проект, Центарот за бизнис и иновации поддржа вкупно 6 компании од Полог, во процесот на аплицирање за добивање неповратни грантови, во износ од 50 илјади до 300 илјади евра.
Технолошкиот парк, покрај „Акцелераторот 700“, има добиено и проект во соработка со организацијата ХЕКИМА, во рамките на програмата на Словачката агенција за развој и меѓународна соработка, СловакАид, насловен „Вклучување на жените од маргинализираните групи во климатско паметно и иновативно претприемништво ". Во рамките на овој проект ќе бидат поддржани три иновативни идеи со неповратни грантови во износ од 4.000 евра, за трансформација на идејата во реален бизнис.
Двата проекти се отворени и конкретно се насочени кон студентите на УЈИЕ кои имаат иновативни идеи и сакаат да влезат во светот на претприемништвото, но не ги исклучуваат другите кои имаат креативни бизнис идеи. Над 70% од сопствениците на компаниите кои работат во рамките на Технолошкиот парк се Алумни на УЈИЕ. Исто така, над 90 проценти од вработените во овие компании се Алумни на УЈИЕ. Вкупниот број на компании кои моментално работат во рамките на Технолошкиот парк е 17, со околу 200 вработени.
Тимот кој успешно ги спроведува и раководи со споменатите проекти го сочинуваат Авни Арифи, Ѓорѓи Рафајловски, Блерина Зендели и Мартир Дика, а сите се Алумни на Универзитетот на Југоисточна Европа.
