Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Петнаесетти Саем на кариера – место за средба на 60 познати компании со студенти на УЈИЕ

Околу 60 познати компании учествуваа на Саемот за кариера што се одржа денес (10.05.2022 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Центарот за кариера.

Настанот го отвори ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулмeнаф Беџети, кој им се заблагодари на присутните, особено на компаниите за покажаниот интерес и на студентите за учеството.

„Вие сте причината за овој многу важен настан, традиционален за нас, но активност која бара и овозможува, или кажано со економски вокабулар местото каде што понудата одговара на побарувачката и побарувачката на најважниот фактор во економијата т.е. факторот на трудот.“, рече ректорот Беџети.

Тој ги повика студентите и компаниите да ги искористат овие можности, според заедничките интереси и афинитети, бидејќи секој друг производствен фактор доколку не се искористи денес, не може да се надомести утре.

„Ние како Универзитет го правиме невозможното во оваа средина. Имаме основано многу други центри, не само Центарот за кариера, кој им помага на студентите да најдат работа, туку и Центарот за идни вештини, кој обучува три многу специфични профили, почнувајќи од енергетско-ефикасна градба, примарно и еколошко земјоделство, примарна и здрава храна и продуктивноста – текстилната и кожарската индустрија, како и Центарот iCan, кој обучува профили од средните училишта и функционира во Гостивар.“, рече меѓу другото ректорот Беџети.

На отворањето на Саемот за кариера присуствуваше и градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој вети вработување на тројца најдобри студенти, кои ќе дипломираат архитектура, право и бизнис и економија.

„Посебно задоволство е да се биде меѓу вас, овде, каде заедно ја градиме нашата иднина и за ова најдобар модел е УЈИЕ. Овој настан уште еднаш докажува дека УЈИЕ е еден од успешните модели кој мора да го следиме за целосна интеграција во ЕУ“, рече градоначалникот Касами.

Саемот за кариера се одржува по 15. пат на УЈИЕ и претставува добра можност за студентите да се сретнат со потенцијалните работодавци и да разговараат за можностите за вработување, ангажирање за практична работа и да дискутираат за соодветноста на нивните квалификации и вештини со барањата на пазарот на трудот или на соодветните компании.

Google+