Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Јусуф Џеладини и Алтрим Незири од УЈИЕ единствените од Северна Македонија кои добија стипендии во рамките на Глобалната програма за размена на студенти - САД

Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа, Јусуф Џеладини и Алтрим Незири се единствените добитници на семестарска стипендија од Република Северна Македонија за студирање во САД, во рамките на Глобалната програма за размена на студенти (Глобал УГРАД 2023).

Целта на Глобал УГРАД е да им овозможи на студентите, идните лидери, од целиот свет, да стекнат искуство и признание на универзитетско високо образование, да стекнат професионални вештини и да стекнат знаења за новите култури и вредности.

Јусуф Џеладини е студент на Правниот факултет, додека Алтрим Незири е студент на Факултетот за современи науки и технологии.

Глобалната програма за размена на студенти е поддржана од Стејт Департментот и администрирана од World Learning.

Google+