Студентите и вработените на УЈИЕ во акцијата што ја спроведоа во Тетово го исчистија и собраа ѓубрето долж Булеварот Илинден, со посебен акцент на материјалите што може да се рециклираат кои доколку се искористат правилно може да донесат приходи за пошироката заедница.
Додека во акцијата што се спроведе во Скопје, студентите и вработените на УЈИЕ ја исчистија улицата од Кампусот на УЈИЕ до Американската амбасада.
Агрон Демири, претседател на студентското собрание и асоцијација, рече дека целта на оваа акција е да се сензибилизира пошироката јавност за зголемена грижа за заштита и зачувување на животната средина.
„Инвестирањето во екологија е инвестирање во подобра иднина за сите нас, за почиста животна средина и целокупен развој“, рече д-р Џеваир Мемеди - генерален секретар на УЈИЕ.
Овој ден треба да послужи како ден на свесност, да се одрази и да се дејствува конкретно во заштитата на животната средина“, рече деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација, проф.д-р Демуш Бајрами.
Универзитетот на Југоисточна Европа секоја година започнува кампањи за подигнување на свеста за заштита на животната средина и таа е прва институција во регионов, која од 2008 година, го одобри Климатскиот акционен план , кој предвидува конкретни активности во животната средина.
