Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беше презентиран Извештајот за само-евалуација пред релевантните локални и дипломатски институции

Во рамките на принципот на транспарентност и отчетност, како дел од стратегиското делување на УЈИЕ, денес (24.11.2020) се одржа онлајн презентација на Извештајот за самоевалуација на Универзитетот на Југоисточна Европа, пред соработници од различни институции и дел од дипломатските мисии во земјата.

На оваа презентација беа присутни : министерката за образование г-ѓа Мила Царовска, холандскиот амбасадор Н.Е. Дирк Јан Коп, претставниците на мисијата на УСАИД во Скопје Едвард Гонзалес и Даун Кармин и претставникот од Американската амбасада г. Газменд Илази.

Главно обраќање на оваа средба одржа ректорот акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, кој зборуваше за важноста на оваа презентација и целта на УЈИЕ да биде транспарентен и отчетен во сите процеси што се случуваат на Универзитетот.

Извештајот беше презентиран од советникот за квалитет, проф. д-р Вероника Карева. Настанот беше модериран од Проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи.

Google+