Г.Ерик Елиот, службеник за односи со јавност во Амбасадата, одржа презентација на темата и го претстави изборниот модел во САД.
Целта на овој вебинар беше да се запознаеме со американскиот претседателски изборен систем, политичката култура и комуникација во ерата на дигитализацијата.
Учеството на вебинарот беше доста големо, студенти, вработени, а меѓу нив беше и ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и учесниците поставија многу прашања во врска со методот на гласање, влијанието на лажните вести, влијанието на Пандемијата КОВИД 19, профилите на кандидатите Доналд Трамп и Џо Бајден и многу други прашања во однос на овие избори.
Директорот на научниот институт „Макс ван дер Штул“, проф.д-р Вели Креци се заблагодарија на претставникот на Амбасадата на САД за покажаната подготвеност да се организира овој заеднички настан на тема од особено значење за студентите, вработените и за заедницата
Проф. Креци воедно истакна дека УЈИЕ има бројни профили на студиски програми од областа на општествените науки и има многу студенти и вработени кои сакаат да знаат повеќе за претседателските избори во САД.
На Универзитетот на Југоисточна Европа, не само во пресрет на овие избори, туку и на претходните претседателски избори, во пресрет на дебатите на кандидатот беа организирани предавања претставници од Американската амбасада и други експерти одржуваа презентации.
Предавање поврзано со претседателските избори во 2016 година се одржа на УЈИЕ , каде што презентација одржа заменик-амбасадорот Микаела Швајцер-Блум, а во тоа време кандидати за претседател беа сегашниот претседател Доналд Трамп и Хилари Клинтон.
Вебинарот го водеше Пајтим Тачи, истражувач во Научниот институт „Макс ван дер Штул“и предавач на Факултетот за современи општествени науки.
