Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

ЈИЕ ја проширува академската понуда со нови студиски програми

Универзитет на Југоисточна Европа за академската 2019/20 година, ја проширува студиската понуда со нови програми дизајнирани да ги задоволат барањата на пазарот на трудот за професионални и за квалитетни кадри.

„Универзитетот на Југоисточна Европа постојано спроведува истражување на пазарот, но исто така одржува интензивни контакти со бизнис-заедницата, со главна цел да подготви квалификувани и квалитетни кадри, но исто така и прифатливи за пазарот на трудот. “, вели ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Студиската програма „Финансии и банки“ ја нуди Факултетот за бизнис и економија, додека „Правна информатика“ ја нуди Правниот факултет.

„Актуелните студиски програми се покажаа привлечни за пазарот на трудот. Ова го потврдуваат и податоците што ги имаме од Центарот за кариера и од Државниот завод за статистика, каде што 61% од нашите дипломирани студенти се вработуваат уште од првата година после дипломирањето“, истакнува ректорот Беџети.

Во рамките на академската понуда, за новата академска година многу атрактивни се и стипендиите, каде што сите матуранти, кои во средно училиште имаат постигнато одличен успех (5,00), добиваат целосна стипендија, која покрива околу 60% од плаќањето за школарина. Матурантите кои постигнале просечен успех од 4,5 до 4,99, добиваат стипендија, која покрива 40% од школарината. За вториот и за третиот студент од истото семејство се нуди финансиско олеснување од 15%, односно 25%. Уникатна можност на УЈИЕ е програмата „Работи и студирај“, преку која студентите се ангажираат во административните служби на Универзитетот, со конкретен финансиски надомест, кој се одбива од износот за плаќање за школарина.

Универзитетот на Југоисточна Европа веќе го објави конкурсот за запишување на студентите во новата академска година, каде што во првиот циклус се нудат 22 студиски програми, во вториот циклус 27 студиски програми и 12 студиски програми во третиот циклус на студии. Според Конкурсот, во трите студиски циклуси на петте факултети (Факултет за современи општествени науки, Факултет за современи науки и технологии, Факултет за јазици, култури и комуникации, Факултет за бизнис и Правниот факултет), се очекува да се запишат околу 1300 студенти кои ќе студираат во кампусот во Тетово и во Центарот на УЈИЕ во Скопје.

Google+