Во рамките на третото коло екипата на студентите во футсал на ЈИЕ Универзитетот беше гостин на екипата Охрид 2004 од Охрид, која ја победи со 7:6. На квалификациската табела екипата на ЈИЕУ го дели првото место со Хедис од Скопје ( 7 бода). Досега екипата на ЈИЕУ нема изгубено ниту една игра.
Во следното коло ЈИЕ Универзитетот во Тетово ќе ја пречека екипата од Велес, која моментално се наоѓа на третото место.