Универзитетот на Југоисточна Европа и Секретаријатот за имплементација на Охридскиот догоовор (СИОФА) потпишаа Меморандум за стимулирање на вработувањето на најдобрите студенти во државната администрација.
Меморандумот беше потпишан од заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Абдилаќим Адеми и ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази.
Со меморандумот се предвидува олеснување при вработувањето на 15 дипломирани најдобри студенти од нашиот Универзитет.
„Со овој меморандум точно се одредуваат олеснувањата кои ќе им се понудат на студентите при вработувањето во Секретаријатот за имплементација на Охридскиот Договор и другите сектори од државната администрација. Со овој документ, Владата на Република Македонија ги мотивира студентите на ЈИЕУ да се ангажираат за постигнување на подобри резултати во текот на студиите и да имаат повеќе можности за вработување и за подобар живот“, рече ректорот Абази.
За заменик-претседателот на Владата на РМ, потпишувањето на овој документ претставува прв сигнал за започнување на една плодна соработка помеѓу Владата на РМ и ЈИЕУ.
„Сето ова е со цел да имаме професионална администрација што воедно е и една од главните точки за зачленување на земјава во ЕУ“.
Ректорот на ЈИЕУ, Алајдин Абази, потпишувањето на меморандумот го оцени како продолжение на соработката помеѓу ЈИЕУ и Секретаријатот за имплементација на Охридскиот Договор, како и за понуда на подобри можности за вработување.
ЈИЕУ и Секретаријатот за имплементација на Охридскиот Договор потпишаа договор за соработка
25 септември 2009Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics