На овој прв состанок се пренесе посебна порака за новите студенти кои во голем број беа присутни во амфитеатарот. Според ректорот Дика, студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа мора да се чувствуваат посебни бидејќи тие ќе студираат на еден од малкуте универзитети во Европа каде што се студира на неколку јазици и каде што се интегрираат културите на една мултиетничка држава.
„Вам ќе ви предаваат најпосветените професори и академски работници кои се обучени за да ви овозможат да стекнете знаења и компетенции користејќи ги најсовремените методологии на учење, ќе ве насочат, ќе ве водат, ќе ве советуваат, ќе ви помагаат за да се усовршувате систематски во текот на вашите студии“ истакна ректорот. Тој, исто така, забележа дека студентите ќе ги имаат најсофистицираните електронски и админстративни услуги во регионов, кои се дизајнирани за да се приспособат на студентскиот начин на живот, со висок степен на интерактивност.
Претседателот на Студентскиот парламент и асоцијација, Ветон Иљази ги поттикна студентите да се вклучат и да бидат активни учесници во сите активности кои се организираат.
„Ние сме тука да ви помогнеме бидејќи знаеме дека од почеток можеби ќе ви биде тешко, но вие сте тука во вашиот втор дом“ рече Иљази.
Студентите за разлика од претходното образование на УЈИЕ ќе имаат можност за избор на предмети, ќе имаат повеќе индивидуални задачи и вежби и ќе соработуваат со своите колеги студенти, со користење на заедницата на електронските медиуми. Универзитетот нуди високо ниво на технолошка поддршка и иновација со цел процесот на студирање и пријавување да биде интерактивен.
Вреди да се спомене дека во текот на ориентационата недела новите студенти ќе се запознаат со инфраструктурата и услугите на Универзитетот, вклучително и на дизајнирањето на распоред, креирање електронски профил во електронските апликации итн.