Договорот којшто се потпиша на 28 декември има за цел водење на заедничка истражувачка работа, како и аплицирање и учество во заеднички меѓународни проекти.
Истовремено Институтот „Макс ван дер Штул„ се договори со Истражувачкиот Центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ за размена на научно-наставни работници. Договорот предвидува и размена на научна информација, материјали и публикации коишто се наоѓаат во зоната на интерес на двете установи.
Двата научни центра на УЈИЕ и МАНУ договорија и конкретна програма за реализација на заедничките активности во 2017 година, којашто предвидува организирање на предавања, научна работилница и една меѓународна конференција од областа на мултикултурализмот и јазичниот контакт.
