Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа ja доби наградатa за национален шампион за иновации, животна средина и корпоративна одржливост

Во вторник, на 1 декември 2016 година во „Дверче“ во Загреб, на Универзитетот на Југоисточна Европа му беше врачена наградата „Национален шампион за иновации, животна средина и корпоративна одржливост“ во присуство на Амбасадорот на Велика Британија во Хрватска, НЕ Ендру Далгкаиш и други многубројни гости.

Во тек на доделувањето на наградата се истакна дека Универзитетот на Југоисточна Европа се докажа во тек на овие 15 години како успешна сторија во промоцијата на повеќејазичноста со инкорпорирање на алабанскиот, македонкиот и англсикиот јазик во наставата и во истражувањето.

На овој настан на националните шампиони на Хрватска, Словенија, Македонија и Србија исто така им беа доделени награди . По прифаќањето на наградата доц. д-р Демуш Бајрами истакна дека оваа награда е потврда на работата и заложбите на кадарот и на студентите на УЈИЕ во процесот на предавање и учење и во нивната научно-истражувачка дејност.

Адријан Трип, извршен директор на Европските бизнис награди изјави: „Честитки за Универзитетот на Југоисточна Европа, кој е избран да ја претставува својата земја како и другите национални шампиони кои се клучни за успехот на силната бизнис заедница во Европа и ги прикажуваат основните принципи кои ги бараме за иновации, етика и за успех.

Google+