Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Д-р Мирољуб Шукаров и Д-р Ветон Латифи се избрани во редовни професори

На Универзитетот на Југоисточна Европа се избрани уште двајца професори во наставно-научно звање редовен професор.

Одборот на Универзитетот ги усвои предлозите на Сенатот на Универзитетот на ЈИЕ за избор на Мирољуб Шукаров во наставно-научно звање редовен професор за предмети од областа микроекономија и макроекономија и Ветон Латифи во наставно-научно звање редовен професор за предмети од областа политички науки и меѓународни односи.

Во оваа прилика на двајцата професори им честитаа ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика, и претседателот на Одборот на Универзитетот, проф.д-р Денис Фарингтон.

Google+