Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Светскиот ден на биоетиката одбележан на УЈИЕ

Во средата (19 октомври 2106) Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје го одбележа Светскиот дена на биоетиката. Според ректорот на УЈИ , проф. д-р Замир Дика, биоетиката глобално станува дел од глобалните активности кои имаат за цел да креираат интерактивни политики кои ги одразуваат човечките вредности.

Трендот придонесува за активности кои координираат колективни делувања на глобално ниво, давајќи го потребното место на биоетиката во образованието и во истражувањето. „За оваа цел, беше формирана меѓународната мрежа на УНЕСКО за биоетика со седиште во Универзитетот Хаифа во Израел; Македонија исто така е член на оваа мрежа од 2007 година, како 12 земја членка. Својата значајна улога во ова членство УЈИЕ ја имаше преку промовирање на единката за биоетика, која успешно е водена од нашиот Универзитет. Со текот на времето оваа единка стана поголема и сега има над 100 земји членки,“ рече. Тој дополни дека оваа година за првпат УНЕСКО го прогласи 19 октомври за светски ден на биоетиката. Овој ден се одбележува во сите земји членки на истиот датум, во исто време и на иста тема: Човековото достоинство и човековите права.

Други кои се обратија на одбележувањето беа ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Азис Положани, кој зборуваше за културните компетенции во наративната медицина; и проф. д-р Ментор Хамити одговорен на единката за биоетика во Македонија на УЈИЕ ги презентираше тековните активности на единката.

Во текот на панелот следниве професори ги презентираа своите трудови: проф. д-р Мируше Хоџа („Св. Кирил и Методиј“ Скопје) зборуваше за етичките вештини и образованието; доц. д-р Елена Игновска („Св.Кирил и Методиј“ во Скопје) зборуваше за Правото на детето да го знае своето генетско потекло; проф. д-р Лилјана Силјановска (УЈИЕ) презентираше за Слободата на говорот и изразувањето низ медиумската комуникациска реалност; проф. д-р Али Пајазити (УЈИЕ) презентираше за вредностите, етиката и универзитетот – Случајот на Македонија и г. Горан Ризванов (од Фондацијата Метаморфозиз) се осврна на човековите права и на интернетот. Оваа дискусија ја модерираа д-р Демуш Бајрами и Ведије Раткоцери, асистент-докторанд.

Google+