Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Натпревар за рецитирање на делата од Шекспир

Ученици од средните училишта од Македонија и од Прешевската Долина ги покажаа своите извонредни вештини за рецитирање на Натпреварот за рецитирање на делата од Шекспир, кој се одржа во петокот, на 22 април 2016 година. Овој натпревар беше во организација на Катедрата за англиски јазик -Факултет за јазици, култури и комуникација во чест на 400-годишнината од смртта на Шекспир.

Натпреварот свечено го отвори претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон, кој изрази задоволство од квалитетот на изведбата на студентите кои се натпреваруваат. Претседателот Фарингтон ги додели наградите на победниците.

На натпреварот имаше голема конкуренција и комисијата имаше тешка задача за да го избере најдобриот, бидејќи разликите меѓу нив беа само во нијанси.

Антонио Буревски од Гимназијата „Гостивар“ од Гостивар ја освои првата награда. Втората награда ја доби Лириза Емини од Медицинското средно училиште – Тетово. Добитникот на третата награда е Емилија Георгиевска од Средното економско училиште „8 септември“ - Тетово.

Вицепобедници: Симона Бишкоска (Средно училиште Вудроу Вилсон - Tетово), Арбнора Мифтари (Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ - Тетово), Арнен Телќиу (Гимназија „Зеф Љуш Марку“ - Скопје), Халиме Прешева (Средно техничко училиште – Прешево) и Ема Близновска (Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ –Тетово).

На учениците кои ги освоија првите три места им беа доделени парични награди од Универзитетот.

Google+