Обуката беше на тема користење на информатичката технологија во настава и модерни методи на предавање и оценување.
Сесијата за обука ја организираше Јазичниот центар и Центарот за е-учење при УЈИЕ. Приближно околу 100 професори учествуваа на обуката.
Целата на обуката беше преку конкретни примери професорите да се запознаат со модерните методи на предавање и учење и исто така да се обучат да ја користат ИТ во наставата. Се разгледаа и можностите за соработка помеѓу средните училишта и УЈИЕ за дизајнирање посебни ИКТ програми и можноста за усовршување посебни вештини за користење на овие алатки во процесот на предавање и на учење.
По завршувањето на обуката на учесниците им беа доделени сертификати.
