Едногласно за членови на Надзорниот одбор беа избрани проф. д-р Замир Дика – претседател, д-р Џеваир Мемеди – член и г. Бесник Џеладини – член.
На овој состанок, учесниците разменија ставови за најдобра практика, и тоа во однос на вклучување на стејкхолдерите, подобрување на работата и процедурите на Технолошкиот парк како и истражување на можностите во сите области во земјава и во странство.
