Тројца предавачи по англиски јазик од Јазичниот центар на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Кујтим Рамадани, Басри Салиу и Руфат Османи учествуваа на професионалната интензивна петнеделна обука „Обликување на начинот на кој предаваме англиски јазик: пејсаж на предвањето англики јазик“ организирана од Универзитетот во Орегон а поддржана од Стејт Департментот на САД.
Со ова се потврдува посветеноста на нашиот кадар кон усвојување на современите методи и пристапи на учење/предавање обезбедени од познатите меѓународни институции.
