Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претставници од дванаесеттиот сенационален фудбалски натпревар за деца го посетија УЈИЕ

На Денот на Албанското знаме, ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика, ја пречека делегацијата на учесници на дванаесеттиот национален фудбалски натпревар за деца У-15.

Натпреварот се одржа во Тетово. Претставници од различни културни и спортски центри од Драч, Пеќ, Бујановац и од Тетово ја изразија својата благодарност за приемот и за поддршката која Универзитетот на Југоисточна Европа неколку години наназад ја дава за ова натпреварување.
Ректорот Дика рече дека ваквите спортски активности придонесуваат за подобра комуникација меѓу младите и покажуваат продуктивен пристап за воспоставување односи со заедницата. „Ангажманите како што е и поддршката на овој натпревар помагаат за зајакнување на натпреварувачкиот дух меѓу младите и поради тоа за нив е потребна поголема институционална поддршка,“ истакна тој.
Одговорниот за натпреварот, Музафер Ливорека, рече дека „овој натпревар е традиционален и е прифатен од децата и од семејствата, па на овој начин младите генерации воспоставуваат меѓусебни врски“.
Google+