На конференцијата учествуваа приближно шеесет преведувачи од Македонија и од поширокиот регион. На конференцијата беа присутни и двајца истакнати гости од Хрватска: Габриела Баниќ, претседател на Хрватското здружение на професионални судски преведувачи и толкувачи и Озрен Долежал член на УО на Здружението на книжевни преведувачи од Хрватска.
Конференцијата ја отвори претседател на Здружението на преведувачи на РМ, Ирена Кацарски Ќимова а поздравен говор имаше и проректорот на УЈИЕ проф.д-р Ендру Гудспид.
На конференцијата имаше панел дискусии на три различни теми- деловните аспекти на преведувањето како професија, судски превод и книжевен превод.
