Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот ги усвои предлозите на Сенатот на Универзитетот на ЈИЕ за избор на Исмаил Зејнели во наставно-научно звање редовен професор за предмети од областа Кривично право и Изет Зеќири во наставно-научно звање редовен професор за предмети од областа Менаџмент и стратегиски менаџмент.
Во оваа прилика на двајцата професори им честитаа ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика, и претседателот на Одборот на Универзитетот, проф.д-р Денис Фарингтон.
Ректорот Дика ги пофали научните и академски достигнувања на професорите. „Со изборот во повисоко наставно-научно звање двајцата професори ќе бидат повеќе ангажирани во работата во своите области и ќе имаат позначителен придонес во развојот на академската изведба на Универзитетот“, истакна ректорот.
