Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ги исполни предвидените цели за упис во новата академска 2015/2016 година

Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) смета дека првиот уписен рок за академската 2015/2016 е многу успешен.

Вториот уписен рок за додипломски студии во академската 2015/2016 година е во тек, и ќе трае до 12 септември 2015 година.

Врз основа на изведените анализи менаџментот на Универзитетот смета дека првиот уписен рок е успешен затоа што се исполнија предвидените цели за додипломските студии во академската 2015/2016 година.На некои студиски програми предвидените бројки се надминаа , но во сите случаи се почитуваа барањата наведени во Конкурсот за запишување студенти на Универзитетот.

„Апликациите за студии на УЈИЕ во првиот уписен рок ги исполнија очекувањата, очекуваме овој интерес да продолжи и во вториот уписен рок кој веќе е објавен“ рече ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика.

Универзитетот со задоволство објавува дека повеќето од студиските програми во Тетово и во Скопје се формираат според очекувањата и ќе се отворат групи за студиските програми на албански, на македонски и на англиски јазик во зависност од интересот на студентите.

Google+