На средбата со министерот Бајрами беа ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Блерим Река, советникот на ректорот за комуникации и односи со јавност, Демуш Бајрами, и деканката за Факултетот за јавна администрација и политички науки, проф. д-р Елена Андреевска.
Во текот на состанокот тие дискутираа за продлабочување на соработката во областа на високото образование меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и главните универзитети во Косово.
Министерот Бајрами ја истакна важноста од оваа соработка, која се развива во однос на проширување на областите – особено во вториот циклус на студии – областа за која интересот на студентите од Косово за студии на УЈИЕ е многу висок.
Ректорот Дика потврди дека оваа плодна соработка тековно постои меѓу Министерството и универзитетот и истакна дека оваа соработка мора да се зачува на највисоко можно ниво. „Нашите студенти од Косово се нашите најдобри амбасадори на она што го нудиме и по тоа се истакнуваме во регионов во кој функционираме. Со министерот Бајрами ние дискутиравме за примарните работи кои се однесуваат на високото образование во Албанија и во регионов, а ги забележавме и можностите за поинтензивна и плодна соработка и за обете страни“, истакна тој.
Во рамките на оваа соработка се очекува ректорот да реализира официјална посета на Косово по отворената покана на министерот Бајрами упатена во текот на неговата посета на УЈИЕ.
