Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Дика го посети Универзитетот во Љубљана

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика и деканот на Факултетот за јавна администрација и политички науки , проф. д-р Елена Андреевска остварија тридневна работна посета во Словенија.

Како гостин на Факултетот за општествени науки, на Универзитетот во Љубљана, , ректорот Дика беше срдечно пречекан од ректорот на овој универзитет проф. д-р Иван Светлик и други претставници и во фокусот на овие официјални средби беше зајакнување на билатералните односи и финализирање на формалните активности во однос на заедничката програма Европски студии.

Посетата на Словенија заврши со присуство на Генералното собрание на ЕМУНИ во Порторож, на кое се одобри членството на Универзитетот на Југоисточна Европа во мрежата на ЕМУНИ.

Google+