Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот Зарланд во Германија

УЈИЕ потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот Зарланд во Германија

Во понеделник, 15 декември 2014 година, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Универзитетот на применети науки Зарланд, од Германија потпишаа Меморандум за соработка со цел да се воспостават заеднички студиски програми од взаемен интерес.

Меморандумот го потпишаа ректорите на двата универзитети проф.д-р Замир Дика и проф.д-р Волрад Ромел .

Двата универзитети ќе соработуваат во креирање заедничка програма во рамките на глобалната иницијатива за инженерство во областа на обезбедување квалитет , преку проширување на соработката со стопанството - во овој случај со огранокот на познатата компанија Apave SEE.

Ректорот Дика напомена дека оваа соработка е во рамките на Стратегијата на УЈИЕ за Интернационализација со цел да се разменат искуства во менаџирање меѓународни заеднички програми.

Google+