Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УСАИД во соработка со Лајонс Клуб Македонија за подобрување на образовните можности на децата со пречки во видот

На 12 декември 2014, на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово, УЈИЕ, УСАИД и Лајонс Клубот официјално го започнаа проектот за помош на македонските деца со оштетен вид.

Целта на оваа 30 месечна иницијатива имплеметирана од УЈИЕ и ко-финансирана од УСАИД и Лајонс Клуб Македонија (ЛКМ) преку Лајонс Клуб Интернационалната Фондација (ЛКИФ) е зголемување на квалитетот и пристапот до образовните услуги кај децата со оштетен вид со посебен акцент на описменувањето.

„Ова не обврзува да ја споредиме нашата ситност со џиновска организација како што е УСАИД, ова генијално дело на американскиот народ и на владата на САД, која се појавува пред вас кога се чувствувате помалку моќни и ви подава рака кога ви е најпотребно“ рече ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика.

„Пристапот до квалитетно образование е универзално човеково право. Моментално, помалку од еден процент од македонските деца со оштетен вид можат да читаат Брајова азбука (систем за пишување кој им овозможува на слепите и слабовидните лица да читаат и пишуваат со допир). За оние деца кои можат да читаат, обемот на текстови со Брајова азбука е значително мал. Како ќе учат овие деца ако не знаат да читаат? Како ќе научат да читаат без книги?“ истакна Директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн.

Во рамките на оваа активност Министерството за образование и наука и Универзитетот на Југоисточна Европа потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на проектот „ Деца со пречки во видот“ .

„Целта на Меморандумот е да се подобри и зголеми степенот на писменост кај овие деца со употреба на учебници печатени со Брајовата азбука“, рече министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми.

На настанот присуствуваа Кристи Вилзак, постар советник за меѓународно образование во УСАИД и Џо Престон, претседателот на Лајонс Клуб Интернационалната Фондација. Свое обраќање на настанот имаа и Гувернерот на Дистриктот на ЛКМ Драги Филевски и менаџерот на проектот.

УСАИД и Лајонс клуб интернационал ќе донираат секој по 250 000 долари. Исто така и неколку други организации ќе бидат вклучени во работата на проектот – Министерството за образование, Сојузот на слепи лица од Македонија и училиштето за деца со пречки во видот „Димитар Влахов" од Скопје.

Google+