Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Свечена академија на УЈИЕ за Денот на албанското знаме

Свечена академија на УЈИЕ за Денот на албанското знаме

„Нашите месеци ноември ја покренаа традицијата на нашата нација ценејќи ја улогата на патриотите кон севкупниот развој на општеството. Овој датум е обележан во календарот на настани како еден од најважните – Денот на албанското знаме на кој несомнено се бележи историскиот, државниот и културниот факт со националната важност . Веејќи го слободно националното знаме , пред 102 години, Албанците ги исполнија неопходните услови за да навлезат на патот на креирање држава и да ги остварат националните аспирации “ , рече Демуш Бајрами советник на ректорот за односи со јавност и комуникации на свечената академија организирана по повод Денот на албанското национално знаме на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Во неговото обраќање, одговорниот на Катедрата за албански јазик и литература, Зеќир Кадриу меѓу другото рече: „ Секоја нација има национален симбол, секоја нација ги почитува и заштитува националните симболи и секоја нација има национален историски симбол. Но, ретки се оние нации кои го кренале националниот симбол во национален култ , ретки се оние нации кои ги жртвувале своите животи за да го избегнат насилството врз националниот симбол. Ние, Албанците , сме тие кои го зачувавме националниот симбол во нашите срца и во нашиот дух кога бевме слободни и кога бевме поробени.“

За оваа цел се прикажа и документарен филм подготвен од Одделот за информација и промоција на УЈИЕ на кој е илустриран моментот на веење на националното знаме по повод прогласување на независноста на Албанија.

Google+