Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се промовираше албанската верзија на книгата Како да напишете есеи & задачи

Во вторник, 21. октомври на УЈИЕ се промовираше албанската верзија од книгата Како да напишете есеи & задачи од Катлин Мек Милан & Џонатан Војерс.

Промоцијата на книгата беше под покровителство на промоторот проф. д-р Бардул Мусаи и дополнително зборуваше и издавачот, како и професорите од УЈИЕ Демуш Бајрами, Хасан Јашари и Брикена Џафери.

Во различни материјали и во текот на студии ние се соочуваме со општите принципи на пишување материјали без разлика на нивниот вид. При внимателно пребарување основниот принцип може да се најде познатата фраза на Исак Голдберг: „ Пишувањето техничка документација значи дека сложените работи може да се презентираат на наједноставен начин,“ рече Демуш Бајрами.

„ Алабанското издание на книгата донесе многу новитети во секојдневната работа на професорите и на студентите, кои сега имаат можност да ја консолидираат нивната литература,“рече проф. Хасан Јашари.

„Книгата ќе им помогне на студентите да напишат есеи затоа што тоа веќе се бара кога тие се пријавуваат за упис и за вработување,“рече проф. д-р Брикена Џафери.

На крајот на промоцијата издавачот и присутните, студентите и професорите дискутираа за посебните теми кои се обработуваат во книгата.

Google+