Во вторник, 9 октомври во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, историчарот и писател Јусуф Буџови донираше за библиотеката „Макс ван дер Штул и за студентите на УЈИЕ примероци од неговите неодма објавени книги „Последниот јаничар“ и „Отворено досие“. Во оваа прилика авторот се сретна со студентите, професорите и обожавателите на пишаниот збор.
„Заедно со издавачот ние се согласивме ад донираме неколку од моите книги со цел младите да имаат опции да читаат и да ги разбираат историските процеси,“ рече писателот и историчар Јусуф Буџови.
Буџови со студентите на УЈИЕ сподели различни ставови во однос на тековната албанска политика.
Во рамките на овој проект, во рамките на кој е и оваа донација, се очекува да се дистрибуираат илјадници книги во различни градови во Македонија и во регионов каде што живеат Албанци.
