Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Промовирана албанската верзија на книгата од Срѓан Керим „Во потрага по подобар свет“

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, во четврток ( 02.10.2014 год.), поранешниот амбасадор на РМ во Организацијата на Обединетите Нации, Срѓан Керим ја промовираше албанската верзија на книгата „Во потрага по подобар свет“.

Книгата, која денес се промовира на нашиов Универзитет , може да се земе како симбол на симбиоза која преку мост ги соединува глобалната мрежа на интереси со нашиот микроамбиент, етнокултурализмот, јазикот и цивилизацијата , рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика

„ Книгата е резиме на неговото академско мислење, сублимирани дипломатски искуства, за нашите актуелни проблеми во светот во кој живееме“ , рече проф. д-р Блерим Река еден од промоторите на книгата.

Елена Андреевска, промотор на книгата рече дека во сите дела на авторот провејува неговата вештина на умереност, критичност и за извонредно префинет стил на изразување.

„ Покрај целта да рефлектирам за светот во кој што живееме исто така сакав да ги пренесам перспективите за еден подобар свет преку призмата на еден човек кој учествувал во работата на Собранието на ОН“- изјави поранешниот дипломат Срѓан Керим.

Авторот ја промовираше книгата како добра можност за подобро меѓусебно запознавање истакнувајќи дека како заедница сме отворени кон светот и време е меѓусебно да се зближиме.

Google+