„Вие ќе се чувствувате посебни како студенти бидејќи ќе ве учат најпосветените професори и академски работници кои се обучени за да ви овозможат да стекнете знаења и компетенции користејќи ги најсовремените методологии на учење, ќе ве насочат, ќе ве водат, ќе ве советуваат, ќе ви помагаат за да се усовршувате систематски во текот на вашите студии“ истакна проф.д-р Замир Дика, ректор на Универзитетот на ЈИЕ на почетокот на академскта година.
„Вие ќе бидете посебни, затоа што ќе ги имате најсофистицираните електронски и админстративни услуги во регионов, кои се дизајнирани за да се приспособат на вашиот начин на живот, со висок степен на интерактивност“ рече ректорот Дика.
Во тек на Ориентационата недела студентите ќе се запознаат со инфраструктурата на Универзитетот, ќе ги земат ИД – картичките , ќе го креираат распоредот и ќе се сретнат со советниците на студентите и со администрацијата на Универзитетот.
Покрај тоа, студентите ќе се запознаат со услугите на Универзитетот како што се студентскиот сервис, службата за ИТ, библиотеката, центарот за кариера и администрацијата на одредените факултети каде што ќе студираат.
