Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Конференцијата „ Балканот 100 години по Првата светска војна“ ги собра четворицата амбасадори на ЕУ во УЈИЕ

Конференцијата „ Балканот 100 години по Првата светска војна“ ги собра четворицата амбасадори на ЕУ во УЈИЕ

Како се променил светот и што е реалноста на Балканот еден век по почетокот на Првата светска војна, беше главната тема на дебатата на Конференцијата организирана во Скопје, насловена „Балканот 100 години по Првата светска војна“, која се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

На Конференцијата присуствуваа голем број говорници, како дипломати, професори, истражувачи, кои рефлектираа за промените на политичката и безбедносната реалност во овие 100 години.

„Јас сум склон да верувам дека историјата ќе ја нагласи минатото само со внимателно истакнување на оние настани кои оставиле свој печат во времето“, рече модераторот на Конференцијата, Демуш Бајрами.

„Ова стогодишнина, мора да нè води кон градење и јакнење на нашите институции за да работат во едуцирањето на новите генерации, кои познавајќи го минатото лесно може да ја градат иднината", изјави меѓу другото, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, кој го сподели панелот на отворањето на Конференцијата со амбасадорот на Британија во Македонија, Чарлс Гарет, германскиот амбасадор, Гудрун Штајнакер, австрискиот амбасадор, Томас М. Бајер, францускиот амбасадор, Лоренс Ауер, директорот на ICID од Тирана, д-р Реис Мулита, директорот на IPIS-Скопје, д-р Илбер Села, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и претседателот на Клубот Алпбах, Пиштар Лутфиу.

Конференцијата беше организирана од Универзитетот на Југоисточна Европа, ICID и Клубот Алпбах Македонија со поддршка и партнерство на Општината Чаир, Австриската амбасада и Германската амбасада во Скопје.

Google+