Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Обукa за „ Kорпоративно Yправување ‘‘

Центарот за развој на бизнисот – ЈИЕУ, во соработка со Институтот на директори, поддржано од Меѓународната Финансиска Корпорација, дел од групацијата на Светска Банка, организираше обука за “Корпоративно Управување”, дизајнирано за членовите на одборите на директори како и за високиот и средниот менаџмент во компаниите.

На 21,06,2014 претставниците на следните компании успешно ја завршија обуката: Alma-M UNIQA, Bexheti Kompani, Stopanska Banka, Pneumatik, Screen Media, Alpine Center и OEMVP.

Програмата структурирана врз база на светски стандарди во оваа област на учесниците им овозможуваше да стекнат познавања од одделните аспекти на корпоративното управување, како што се прашањата поврзани со структурирањето и функционирањето на одборите, обврски и должности на директорите, стратегиското лидерство, корпоративните финансии и прашањата на планирање и спроведување на промени.

Програмата се состоеше од 12 модули,од кои секоја траеше по 3 часа. По завршување на предавањата, учесниците добиваа сертификати од ИФЦ, Центарот за развој на бизнисот и од Институтот на директори.

Учесниците следеа вкупно 12 модули со материјали подготвени од страна на ИФЦ и прилагодени за Македонија од страна на професори од Универзитетот на ЈИЕ и предавачи од Институтот на директори.

Google+