„Балканот во новиот милениум: од Балканизација до Еутопија“, беше темата на меѓународната конференција која се одржа во петок (20 јуни 2014), во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Главната тема која се дискутираше на конференцијата беше дали Балканот може да се европеизира или ќе продолжи да живее во фантазерска утопија.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа , проф. д-р Замир Дика во неговиот поздравен говор ја истакна важноста на конференцијата во однос на перспективите за европска интеграција на регионов.
„Избегнувањето на Балканизацијата на почетокот на третиот милениум е добра можност за спасување од минатото“ , рече проф. Али Пајазити, еден од организаторите на конференцијата.
На конференцијата учествуваа 50 истражувачи од различни држави.
