Проректорот за истражување и меѓународни односи проф.д-р Блерим Река на 27 мај 2014 одржа предавање на Правниот факултет на Универзитетот во Болоња: „Независноста на Косово: одложена само-определба во пост-колонијалниот период и по студената војна“.
Во текот на посетата тој се сретна со проректорот за истражување на Универзитетот во Болоња проф.д-р Дарио Брага и дискутираше за идната билатерлана соработка.
Проректорот исто така се сретна и со: проф.д-р Паоло Менгози поранешен професор на Правото на ЕУ на Универзитетот во Болоња, сега судија во Европскиот суд на правдата и претставници од Универзитетот Џон Хопкинс во Болоња и проф.д-р Џовано Кимбало, професор на Споредбено право, Директор на истражувачкиот центар на Универзитетот во Болоња.
