Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ го потпиша договорот за реализација на проектот НОРМАК - Обновлива енергија

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, в.д. ректорот на Универзитетот на Приштина, проф. д-р Антон Беришај и ректорот на Политехничкиот универзитет во Тирана, академик Јоргаќ Качани и Проектот Athene го потпишаа Договорот за реализација на проектот НОРМАК - Обновлива енергија со Универзитетот Јовик. Овој проект е финансиран преку Норвешкото министерство за надворешни работи и програмата за истражување и за развој во високото образование - Higher Education Research and Development HERD . Координатор на овој проект за УЈИЕ е академик Алајдин Абази.

Проектот за одржлива енергија НОРМАК е фокусиран на три столба: ресурси за обновлива енергија, енергетска ефикасност и паметни мрежи, сите под еден заеднички назив Обновлива енергија во согласност со извештаите за истражување и развој на енергијата.

НОРМАК - Обновлива енергија ќе ги подигне институционалните капацитети и ќе го зајакне системот за истражување и развој на енергијата во Македонија, Албанија и во Косово преку високото образование/ наставниот процес, know-how технологиите за истражување и за развој и трансферот на технологијата од Норвешка.

Трите земји ги споделуваат главните предизвици за енергија како што се енергетски недостиг, проблеми со загревање, слабо регулиран пазар, ниска енергетска ефикасност и недоволно развиени човечки ресурси. Дополнително многу ниските јавни и приватни инвестиции во истражувањето и развојот споредени со бруто домашниот производ ги комплицираат напорите за користење алтернативни извори на енергија.

Акумулираните норвешки know-how технологии и наставните методологии ќе се пренесат на универзитетите во Македонија, Албанија и Косово (МАК) преку една магистерска програма и два нови предмети на додипломски студии (енергија и животна средина и ИКТ за обновлива енергија ) кои ќе се споделат меѓу трите универзитети. Ќе се поддржи и регионалната мобилност на студентите преку понуда на 1 семестар од новата магистерска студиска програма на Универзитетот Јовик, комбинирана со практично истражување и развој во неколку норвешки универзитети и компании- партнери. На крајот ќе се направи посредништво помеѓу регионалните и норвешките универзитети и индустриските партнери, проследено со активности за трансфер на технологија и комерцијална соработка со 3 локални и 1 регионален проект за истражување и развој .

Целта на проектот е да придонесе за економски раст преку развивање институции и структури во ВО институции кои ќе бидат во можност да се справуваат со промените потребни за зајакнување на секторот за одржлива енергија преку зајакнување на ВО студиски програми, истражување и развој, know-how и пренос на технологиите од Универзитетот Јовик на трите универзитети во МАК и директна B2B соработка помеѓу Норвешка и целните земји.

Google+