Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на ЈИЕ го освои купот во Македонија за футсал – голема победа

Тимот за футсал на Универзитетот на ЈИЕ го освои Купот на Македонија за футсал.

Во недела(25.05.2014), на крајниот натпревар, тимот на УЈИЕ воден од тренерот Африм Јонузи го победи тимот Црна Река од Кавадарци со конечен резултат 5-3.Головите за Универзитетот на ЈИЕ ги постигнаа: Сами Рамадани, Садам Саити, Исмет Цека и Албин Алија(два гола).
Универзитетот на ЈИЕ играше многу добро од почетокот до крајот и во еден момент , резултатот беше3-0 за УЈИЕ.

„Оваа година ние ја славиме 10 годишнината од клубот и во пресрет на овој јубилеј ние сме вице-шампиони на Македонската лига и со освојувањето на Македонскиот куп ние постигнавме голем успех.Би сакал да се заблагодарам на фановите кои не поддржуваат и дојдоа во Кочани и исто така би сакал да се заблагодарам на ректорот, Замир Дика, чие присуство беше голем поттик за играчите. Играчите едноставно „летаа“ на теренот и со целосна заслуга , победата е наша “ рече Јонузи.
На ректорот на Универзитетот на ЈИЕ проф.д-р Замир Дика му беше врачен мѐдал и во таа пригода тој рече: „ По успесите во образованието и науката нашиот Универзитет бележи успех и во спортот. Ова е голема победа за нас“.

Фудбалскиот играч Исмет Цека додаде: „ Јас го посветувам мојот гол на сите студенти од Универзитетот на ЈИЕ“.

Ова беше трето учество на тимот на Универзитетот на ЈИЕ на финалниот куп и прва победа.

Google+