Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претседателот на Одборот на УЈИЕ го посети Киев

Претседателот на Одборот на УЈИЕ го посети Киев

Претседателот на Одборот на Универзитетот проф. д-р Денис Фарингтон, во својство на експерт на Советот на Европа го посети Киев, во Украина од 19-21 мај.Тој се сретна со министерот и заменик-министерот за образование, со професори, службени лица и пратеници од парламентот – Веркховна Рада и сите дискутираа за новиот предлог на Законот за високо образование по промената на владата. Д-р Фаринготн е вклучен во украинското образовно законодавство од 1996 и има подготвено три извештаи за високото образование од 2011 дo 2013 година.Главните области за дискусија во новиот предлог-закон беа обезбедувањето квалитет и финансирање на универзитетот. „ Иако Украина е многу поголема држава од Република Македонија и од Косово, ги има истите закани за универзитетите кои имаат зголемена високо квалитетна меѓународна конкурентност; само локалните универзитети постојано се обидуваат да бидат извонредни во предавањето и во администрацијата, исто како и УЈИЕ ние може да им понудиме на студентите најдобар почеток во нивните професионални животи“ рече д-р Фарингтон. Работата во Украина ќе продолжи со развој на рамковниот закон за образование. Покрај другите клучни области за развој се и дефинирањето на правата на националните малцинства, јазичната политика, обуката и развојот на професорите и националната рамка на квалификации.Агенциите кои се вклучени во ова се ЕУ и Советот на Европа .

Д-р Фарингтон исто така посети и училиште за англиски јазик каде што со кадарот и со студентите дискутираше за реформите.

Google+