Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Амбасадорот на ЕУ Аиво Орав одржи предавање во рамките на циклусот дипломатски предавања организирани од институтот Макс ван дер Штул

Одговорниот на делегацијата на Европската унија во Македонија амбасадорот Аиво Орав , денес одржа предавање на тема: „ Проширувањето на ЕУ во променлива Европа“ на јавниот настан организиран од научниот институт на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“ во рамките на циклусот дипломатски предавања.

Пред голем број студенти и професори од УЈИЕ, амбасадорот на ЕУ Орав објасни за заедничката иднина и корелацијата помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

„ ЕУ ќе продолжи со процесот на проширување. На сите земји од Западен Балкан им е потребна ЕУ и на ЕУ сте и потребни сите со силна демократија и силна економија“ напомена Орав.

Објаснувајќи ја важноста на демократијата во текот на процесот на интеграција , тој истакна „ Зошто државите сакаат да бидат дел од ЕУ? Затоа што трите елементи: мир, демократија и просперитет сите заедно секако се најдоброто решение.“

Зборувајќи за иднината на ЕУ, амбасадорот Аиво Орав меѓу другото рече дека новата дипломатска служба на ЕУ беше креирана со Лисабонската повелба. Идејата на оваа служба за надворешна политика на ЕУ е да се има координирана надворешна политика и ЕУ да зборува на еден глас.

„ Денес има нови предизвици во областа на безбедноста. Но, ние не треба да заборавиме дека сме ги слушнале истите приказни, предвидувајќи ја иднината на ЕУ кога се појави економската криза пред неколку години на пр. имаше многу озборувања дека наводно еврото ќе исчезне по економската криза и дека целата економија ќе доживее колапс. Но, на крајот тоа не се случи. Елементот на солидарност покажа дека сме посилни од кога и да е! Економската криза се надмина,“ рече Орав.

Според амбасадорот Орав исто е и со другите предизвици во однос на иднината но „ Елементот на солидарност не спои сите 28 држави членки заедно и ни помогна да ги надминеме тешкотиите по кои станавме посилни,“ тој го забележа тоа на последното предавање од циклусот дипломатски предавања.

Во својот воведен говор директорот на научниот институт „Макс ван дер Штул“, проф.д-р Ветон Латифи потсети дека без разлика што во ЕУ понекогаш има скептицизам во однос на проширувањето,сепак европските вредности на земјите кои имаат аспирации треба тоа да го прикажат во пракса со нивната трпеливост и со следење на вистинските насоки на водечките критериуми и со покажување дека овие земји нема да доведат дополнителни проблеми на Унијата, туку ќе ги зајакнат европските вредности, солидарноста и демократијата. Според него, не е доволно да се зборува само за ЕУ, но потребно е да се работи повеќе на европските вредности и да се покаже како тие изгледаат во пракса и истовремено да се живее со овие вредности.

Google+