Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со гордост го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија – првата национална професионална платформа посветена исклучиво на наставниците по економија, одржан на 28 јули 2026 година, во просториите на кампусот на УЈИЕ во Скопје.

Формирањето на Здружението претставува значаен чекор кон унапредување на економското образование, поттикнување на професионалната соработка и зајакнување на економската писменост кај младите.

УЈИЕ има особена чест што двајца негови претставници се избрани на раководни позиции во новоформираното Здружение. Др. Авни Арифи е избран за потпретседател, додека проф. д-р Шенај Хаџимустафа е избрана за член на Надзорниот одбор, придонесувајќи кон стратешкиот развој на економското образование и зајакнувањето на соработката меѓу средното и високото образование.

Им честитаме на сите избрани членови и посакуваме успешна работа во градењето на силна професионална заедница која ќе придонесе за поквалитетно економско образование во државата.

Благодарност до Институт Либерална Алтернатива, Economic Fundamentals Initiative и Atlas Network за нивната поддршка во реализацијата на оваа значајна иницијатива.

Google+