„ Добро е чувството кога знаеме дека некој се грижи за нас дури и од кога сме дипломирале." „Ние се сретнавме денес и разменивме искуства." „Добра можност е да се сретнеме и да ги одржиме врските со Универзитетот.“
Ова беа некои од коментарите од поранешните студенти на УЈИЕ од Косово, на третиот годишен состанок кој се одржа во вторник (13 мај 2014 год.) во Приштина.
Состанокот со поранешните студенти од Косово беше со цел да се зајакнат врските и активностите за соработка од заеднички интерес.
Ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика и проректорот за кадемски работи проф.д-р Ендру Гудспид се сретнаа со поранешните студенти од Косово.
Овие состаноци со поранешните студенти од Косово станаа традиција и наскоро се очекува да се воспостави и асоцијација која ќе ги обедини сите поранешни студенти на УЈИЕ од Косово.
