Претставници од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) на првопотчинетите единици во Армијата на Република Македонија, во среда (8 мај, 2014 год.) остварија посета на Универзитетот на Југоисточна Европа. Во состав на делегацијата беше генерал-мајор Методија Величковски, заменик на командантот бригаден генерал Мухамет Рацај, началникот на штаб бригаден-генерал Стојан Димчов, командантот бригаден генерал Павле Арсоски. Делегацијата се сретна со проректорот на Универзитетот Ендрју Гудспид, со кој разговараа за можностите за соработка со Универзитетот врз основа на склучениот меморандум со Министерството за одбрана на Република Македонија.
Пред клучниот персонал од командата на ЗОК и единиците се реализираа предавања од проф.д-р.Елена Андреевска на тема: „Република Македонија на патот кон евроатланските интеграции“, и предавањето на проф.д-р Ветон Љатифи на тема „НАТО и ЕУ интеграции“.
Посетата на Универзитетот е планска активност во ЗОК.
